Компаниите кои се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар, во следниот период потребно е да направат сигурен избор за снабдување за 2023 година, со оглед на нестабилноста на цените и неизвесноста за испорака на енергенси во Европа.
РЕС (Reneweble Energy Supply) им нуди на македонските фирми повеќе модели на снабдување со струја, кои се движат од целосно берзански најниски цени до целосно фиксни и гарантирани цени пониски од моменталните берзански, како и комбинации во различен сооднос, по мерка на самата компанија.
Со уникатните понуди кои ги воведе РЕС, фирмите ќе имаат предвидливост на издатоците за електрична енергија и таа калкулација можат да ја вградат во цената на нивните производи или услуги, остварувајќи значајна конкурентска предност на пазарот.
Дел од клиентите на РЕС, кои користеа модел со делумно фиксна цена на струјата, во третиот квартал во оваа година, односно во периодот од јули-септември, заштедија вкупно 2,8 милиони евра на сметките за електрична енергија, што директно се одрази на нивната ликвидност и конкурентност.
Renewable Energy Supply е Вашиот најдобар избор за сите услуги поврзани со трговија на електрична енергија. За нашите клиенти нудиме најдобри и најразновидни пакети за снабдување и/или откуп на струја.