Кои се вашите бенефиции?

Ние сме флексибилна компанија, која за релативно краток временски период стана лидер во трговијата со електрична енергија во Република Северна Македонија.

РЕС овозможува значителни бенефити за своите клиенти и соработници:

Гарантираме стабилно, сигурно, доверливо, еколошко и поевтино снабдување со електрична енергија. РЕС во моментов управува со електричната енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет до 580 мегавати, што пак овозможува стабилност, грижа за животната средина и пониски сметки за електрична енергија за македонското стопанство.

РЕС овозможува и откуп на електрична енергија од обновливи извори по најповолни цени на пазарот и со фиксни долгорочни договори.

Renewable Energy Supply е Вашиот најдобар избор за сите услуги поврзани со трговија на електрична енергија. За нашите клиенти нудиме најдобри и најразновидни пакети за снабдување и/или откуп на струја.