Нашата цел е најголемиот дел од производството на електрична енергија од обновливи извори од Република Северна Македонија и што е можно поголем дел од производството на електрична енергија од обновливи извори од Република Бугарија да се пласира до крајните корисници на македонскиот пазар. Во денешните услови на нестабилност на пазарот на електрична енергија со големи варијации на цената, само компаниите кои имаат сопствено производство можат да гарантираат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија. RES на македонската економија и го понуди токму тоа – стабилно снабдување од сопствени обновливи извори на енергија.