Најчесто поставувани прашања

ЧПП

Често поставувани прашања

Доколку немате избрано снабдувач со електрична енергија побарајте понуда за снабдување на [email protected] Истото можете да го направите и доколку имате избрано снабдувач, но со необврзувачки договор, или пак доколку во договорот кој го имате потпишано има клаузули за раскинување кои се исполнети. Притоа треба да се почитуваат законските рокови за потпишување на договор и дефинирање на почетокот на снабдувањето.

РЕС освен што снабдува, исто така откупува електрична енергија од производителите. За да добиете понуда за откуп обратете се на [email protected]

РЕС својата флексибилност ја покажува и во рокот на трање на договорите за снабдување или откуп на електрична енергија, а договорите може да бидат од 1 месец до 24 месеци.

Во овој момент РЕС на дел од клиентите им обезбедува електрична енергија од обновливи извори и за тоа количество на енергија, кое мора да биде минимум 35% од вкупната планирана потрошувачка, ја гарантира цената на електричната енергија во договорниот период. Сепак, бидејќи количината на енергија од обновливи извори е ограничена во овој момент и зависи многу од природните ресурси, не сите договори се склучени по овој принцип.

За секое прашање поврзано со снабдување или откуп на електрична енергија, Ве замолуваме да се обратите на office@res.mk

Renewable Energy Supply е Вашиот најдобар избор за сите услуги поврзани со трговија на електрична енергија. За нашите клиенти нудиме најдобри и најразновидни пакети за снабдување и/или откуп на струја.