Лидерство

Компанијата е предводена од Александар Петрески, Јури Богомилов Катанов и Љупчо Најдов . Сопсвеник на РЕС е компанијата КЕР Токи од Република Бугарија, која е лидер во производството и снабдување со електрична енергија од обновливи извори на бугарскиот пазар.

Централ Инвест

Централ Инвест е групација во сопственост на проф д-р Кочо Анѓушев и неговото семејство. Кочо Анѓушев е еден од најголемите инвеститори во Македонија во сферата на производство на електрична енергија од еколошки обновливи извори. Преку компаниите кои што се во негова сопственост, како и во партнерство со други инвеститори, во моментов располага со портфолио од 25 мали хидроелектрани со инсталирана моќност од близу 24 MW, инвестиција во биогасна електрана од 2MW, како и фотоволтаична централа од 8MW.

ТОКИ

Токи е брзорастечка компанија специјализирана во снабдувањето со електрична енергија од обновливи извори и пазарен интегратор на овој тип на производители на електрична енергија во Бугарија.  Оваа компанија е сопственик на најмодерната дигитална платформа за снабдување со електрична енергија на бугарскиот пазар и интегратор на значаен дел од произведената електрична енергија во Бугарија од обновливи извори (вода, сонце, ветер и биогас). Токи е членка на Реналфа групацијата во доминантна сопственост на Иво Прокопиев која е активна во инвестиции во обновливи извори на енергија и е-мобилити. Реналфа има завршено проекти на инсталирани фотоволтаици од над 6.000 MW за други инвеститори и за сопствени потреби во Европа и Блискиот Исток и со тоа таа е една од водечките европски компании во инсталација и одржување на фотоволтаици.

Renewable Energy Supply е Вашиот најдобар избор за сите услуги поврзани со трговија на електрична енергија. За нашите клиенти нудиме најдобри и најразновидни пакети за снабдување и/или откуп на струја.