Општи услови

Општите услови на договорите за снабдување со електрична енергија за мали потрошувачи и домаќинства се составен дел од Договорот за снабдување со електрична енергија и истите ги регулираат правата и обврските помеѓу Снабдувачот и Потрошувачот на електрична енергија.


Договорот за снабдување со електрична енергија е транспарентен, ги регулира правата и обврските на Снабдувачот на електрична енергија и на Потрошувачот на електрична енергија и истиот е во согласност со Законот за енергетика, Правилата за пазар на електрична енергија и Правилата за снабдување со електрична енергија. Договорот за снабдување се склучува во писмена форма и
Потрошувачот има обврска да го достави потпишаниот Договорот до Снабдувачот. 

 

– Договорот за снабдување се склучува на определено време, во зависност од доставената и прифатена понуда за снабдвање и престанува со истекот на времето за кое е склучен.
– Снабдувачот на Потрошувачот ќе му издава фактура за потрошената електрична енергија согласно отчитаната состојба на мерното место, во текот на целиот период на снабдување со електрична енергија.
– Пресметковниот период ќе изнесува еден месец. Изготвената фактура за испорачана електрична енергија се доставува по електронски пат и по пошта. Потрошувачот се обврзува факурата да ја плати во рок определен согласно склучениот Договор за снабдување со електрична енергија. Во случај на доцнење на плаќање на фактурата од страна на Потрошувачот, Снабдувачот има право да наплати законска казнена камата.
– Доколку потрошувачот од било која причина не добил фактура за пресметковниот период, истиот е должен да побара копија од истата и не е ослободен од обврската за плаќање. 

– Снабдувачот има право да ја прекине испораката на електрична енергија во случај на неплаќање на фактурите за снабдување со електрична енергија. Потрошувачот е должен да го информира снабдувачот за промена на динамиката на потрошувачката на електрична енергија во услови на несакани хаварии и дефекти, планирани ремонти и планирани редукции во потрошувачката поради колективни годишни одмори и празници.
– Цените се формираат според моменталните цени на берзите во регионот, на кои се додаваат дополнителните трошоци (преносен капацитет, балансирање и сл.) и процент на заработка.
– Меѓу поволностите кои му се достапни на потрошувачот се бесплатната промена на корисник на броило, анализа на потрошувачка и препорака за заштеда на електрична енергија.

Потрошувачот кој редовно ги плаќа месечните фактури ги ужива поволностите од страна на снабдувачот во поглед на цената со која ќе биде снабден при склучувањето на годишен договор. Потрошувачот кој склучил договор за изградба на централа за сопствени потреби, има привилегија да вишокот на енергија да му биде откупен од страна на нашата компанија, без притоа да доставува номинации. Цената за откуп на електричната енергија произведена од фотоволтаична централа е формирана на база на пазарни критериуми.
– Параметри за квалитет на услугите што ги обезбедува снабдувачот:
1. Навременост во доставување на фактурите
2. Превземање на постапки по барање и приговори на потрошувачот во однос на фактурите за електрична енергија
3. Снабдувачот им обезбедува стручна и техничка поддршка и бесплатни совети на потрошувачите за остварување на нивните права за постигнување на пропишаниот и договорениот квалитет на снабдување со електрична енергија, состојбите со нивните
обврски по договорот, како и за остварување на нивните права пропишани со Законот за енергетика и мрежните правила за пренос, односно дистрибуција на електрична енергија и договорот за приклучување на мрежата.
– Мерењето на електричната енергија со која бил снабден потрошувачот ќе го врши Операторот на електродистрибутивниот систем и истиот отчитувањата на мерните уреди ги доставува до Снабдувачот.
– Најавата на потрошувачката на електрична енергија кон операторот на пазарот во име на Потрошувачот, без надомест, ја врши Снабдувачот. Трошоци за балансирање на потрошувачката на Потрошувачот целосно ќе бидат покриени од страна на Снабдувачот и
Потрошувачот нема да сноси никакви дополнителни трошоци за балансирањето на својата потрошувачка.
– Снабдувачот ќе го зачлени Потрошувачот во својата балансна група без надомест.
– Тарифите за Организирање на пазарот на електрична енергија (ОПЕЕ) и надомест за испорачана електрична енергија од повластени производители (ППЕЕ) ги утврдува Регулаторна Комисија за Енергетика на Република Македонија, односно Операторот на пазар на електрична енергија 

– Договорните страни се должни меѓусебно да се информираат по писмен пат за настанатите промени или состојби кои може да имаат влијание врз исполнувањето на договорените обврски. Тука спаѓаат промена на сопственост и барања за промена на снабдувач. Договорните страни се должни меѓусебно да се информираат по писмен пат и за настанатите промени во начинот на плаќање, адреса за доставување на фактури и промена на мерно место и тоа во рок од 15 дена од настанатата промена.

– Снабувачот е должен писмено да го извести потрошувачот за намерата за раскинување на договорот за снабдување со електрична енергија со образложување на причините за раскин, мерките и дејствијата кои потрошувачот треба да ги преземе за да не дојде до раскинување во рок не пократок од 15 дена за нивно преземање, последици од раскинувањето како и можноста за промена на снабдувач.
– Договорот може да се раскине согласно Правилата за снабдување со електрична енергија и доколку било која од договорните страни достави допис за раскинување 30 (триесет) дена пред посакуваниот датум на раскинување;
– Врз основа на заедничка писмена согласнот од двете договорни страни;
– Еднострано на барање на Потрошувачот со писмен допис доставен најдоцна 30 (триесет) дена пред посакуваниот датум на раскинување
– Со писмено известување од Снабдувачот со отказен рок од 30 (триесет) дена, во случаи кога Потрошувачот е во задоцнување во однос на своите обврски за плаќање согласно Договорот.
– Снабдувачот е должен писмено да го извести потрошувачот за намерата за раскинувањето на договорот за снабдување и можноста за промена на снабдувач со образложување на причините за раскин, мерките и дејствијата кои потрошувачот треба да ги преземе за да не дојде до раскинување, во рок за нивно превземање не пократок од 15 (петнаесет) дена.
– Доколку потрошувачот го раскине договорот пред истекот на периодот на важност на Договорот, без вина на Снабдувачот, Снабдувачот ќе пресмета надосместок во висина од 5% од претходно остварена просечна месечна потрошувачка во времетрање на важност на договорот, помножено со бројот на месеци кои останале нереализирани од договорениот период по цена утврдена и договорена во договорот, освен ако поунаку не е дефинирано во договорот.
– Потрошувачот има право на надомест на штета од Снабдувачот доколку комерцијалните услуги на снабувачот се со понизок квалитет од стандардниот утврден со Правилата за снабдување со електрична енергија. Доколку потрошувачот претрпи штета поради лош квалитет на мрежните услуги, тогаш при утврдена одговорност на операторот на дистрибутивниот систем, снабдувачот ќе обезбеди правна помош во постапка за надомест на штета на потрошувачот пред надлежните органи или суд. За меѓусебна комуникација договорните страни ги користат контакт податоците и адресите кои се наведени во договорот за снабдување.

 

Во прилог контакт податоци за снабдувачот РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС ДОО Скопје:


Адреса: Булевар „Свети Климент Охридски“ бр.30, Скопје
Mail: [email protected]

 

Снабдувач:
РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС ДОО Скопје

Renewable Energy Supply е Вашиот најдобар избор за сите услуги поврзани со трговија на електрична енергија. За нашите клиенти нудиме најдобри и најразновидни пакети за снабдување и/или откуп на струја.